Home Шоубизнис Ghost In The Shell: Нов трејлер за ветувачкиот научно-фантастичен хит со Скарлет Јохансон

Ghost In The Shell: Нов трејлер за ветувачкиот научно-фантастичен хит со Скарлет Јохансон

Новиот филм со Скарлет Јохансон се наоѓа на месец и пол пред својата премиера, а промотивната кампања за истиот се засилува со вториот трејлер кој беше денес објавен на интернет.

Филмското остварување е потпишано од режисерот Руперт Сандерс и сценаристите Џејми Мос и Ехрен Кругер.

Се базира на јапонскиот манга анимиран филм со исто име, од авторот Масамуне Широу. Во филмската екранизација улогите ги толкуваат Скарлет Јохансон, Мајкл Пит, Пилу Aсбек, Чин Хан и Жилиет Бинош.

Јохансон глуми агентка во антитерористичка сајбер единица која се соочува со напаѓачи на вредна технологија со вештачка интелигенција која сакаат да ја злоупотребат.

Премиерата е закажана за 31 март, оваа година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Колку се богати ѕвездите на „Вистинските домаќинки од Оринџ Каунти“? Рангирање според проценетиот имот

Јубилејната 20. сезона на „Вистинските домаќинки од Оринџ Каунти“ завршува месецов, а вним…