Home Шоубизнис Со една фотка Тамара Еклстон предизвика бурна дебата и негативни реакции на интернет

Со една фотка Тамара Еклстон предизвика бурна дебата и негативни реакции на интернет

Поради објавата на фотографијата на која ја дои својата тригодишна ќерка Софија, богатата наследничка Тамара Еклстон наиде на низа негативни реакции на интернет.

Корисниците на социјалните мрежи сметаат дека не е примерно да се дои толку големо дете. Но, Тамата им одговори со нова фотографија и со порака дека не е убаво што се осудува толку убав и интимен чин меѓу мајка и дете.

Сепак, фотографијата предизвика низа бурни реакции и расправи, како и многу коментари на Instagram. Иако многумина ја поддржуваат нејзината желба подолго да ја дои ќерката, има и такви кои се згрозени од фактот дека таа сè уште го дои детето и тоа јавно го прикажува.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Џејн Сејмур не планира да ја напушти Калифорнија: „Малибу има посебна магија“

Иако многу ѕвезди последниве години се оддалечуваат од Холивуд, Џејн Сејмур вели дека нема…