Home Актуелно Млада кумановка тешко повредена во сообраќајка

Млада кумановка тешко повредена во сообраќајка

Девојка на возраст од 29 години е тешко повредена во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 10.40 часот кај кумановското село, Умин Дол.

Несреќата се случила кога автомобил БМВ со скопски регистерски таблици удрил во пешакот Е.Н. од Куманово, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи Девојката со тешки телесни повреди била пренесена во медицинскиот центар во Куманово, но поради тежината на повредите била префрлена во Ургентниот центар во Скопје.

Од 10:40 часот сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Скопје кај село Умин Дол се пренасочува, соопшти АМСМ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…