Home Актуелно Денес снег со намален и локален интензитет

Денес снег со намален и локален интензитет

Утринава пооблачно е во јужните краишта од земјава, каде во текот на изминатата ноќ врнеше повремен релативно слаб снег. Температурата утринава има вредности околу минус 2 степени.

Во текот на денот и понатаму ќе биде пооблачно во јужните краишта, пред се во пелагонискиот регион. Од оваа облачност повремено ќе провејува слаб снег. Во северната половина од земјата очекуваме повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Максималната температура ќе има вредности од околу минус 2 до 1 степен во северниот и југозападниот крај, а на југоисток околу 3 степени.

Скопскиот крај го очекува променливо време во однос на облачноста. Краткотрајните сончеви периоди нема многу да придонесат за пораст на температурата. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната вредност на температура нема да надмине 0 Целзиусови степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…