Home Актуелно Пожар во Штип голтна семејна куќа сосе покуќнина

Пожар во Штип голтна семејна куќа сосе покуќнина

Во пожар на улица Мирче Ацев во Штип вчера изгоре семејна куќа, а по интервенција на Територијалната противпожарна единица пожарот е изгаснат и нема повредени лица, но уништена е целата покуќнина.

Како што се наведува во соопштението на МВР, пожарот настанал во 04:00 часот во куќа во сопственост на Ѓ.Д. (40), најверојатно поради неправилно изведена електрична инсталација.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…