Home Спорт Мурињо: Само продавам, штедам пари за на лето!

Мурињо: Само продавам, штедам пари за на лето!

Менаџерот на Манчесер Јунајтед, Жозе Мурињо нема да биде активен во зимскиот преоден рок и покрај гласините дека „Специјалниот“ ќе ја засили одбраната.

Англиските медиуми шпекулираат со разни имиња, па тврдат дека дресот на „црвените ѓаволи“ би можел да го облече дефанзивецот на Рома, Костас Манолас.

„Мислам дека Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок само ќе продава, а нема да купува играчи. Сакаме да заштедиме пари за на лето да бидеме активни на пазарот“.

„Минатото лето купивме четворица играчи од највисоко ниво. Ќе делуваме и следното лето и ќе купуваме само врвни фудбалери“, заклучи Мурињо.

Веќе подолго време се зборува дека прва трансфер цел на Мурињо следното лето ќе биде ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…