Home Живот и здравје Затоа пиеме – за да бидеме…

Затоа пиеме – за да бидеме…

Ново истражување на Универзитетот од Оксфорд, извршено над 2.254 лица постари од 18 години, покажа дека алкохолот ги прави луѓето посреќни.

Испитувањето се фокусирало на тоа каде младите излегуват, колку пијат и како го поминуваат времето во локалите.

Од нив, 19,8 отсто одговориле дека претпочитаат помирни места каде разговорот е некако поинтимен. Оние кои ќе се поднапијат често се отвораат пред другите, па разговорите траат прилично долго. Малите места развиваат поквалитетна социјализација, пишува лондонски „Индепендент“.

Во градските средини пак, луѓето имаат навика почесто да ги користат своите смартфони, па така разговорите се покуси. Во однос на консумацијата на алкохол, нема голема разлика.

Освен тоа, во градовите забавите се многу погласни, што исто оневозможува подолги разговори.

Алкохолот опушта и зближувањето со другите го прави полесно, а тоа пак, ги прави луѓето посреќни. Социјализацијата е еден од главните фактори за поисполнет живот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Зошто маслинките треба да ти станат најдобар сојузник во перименопаузата?

Кој би помислил дека црните маслинки, често занемарени, можат да бидат вистинска суперхран…