Home Спорт Роналдо: Ова беше најдобрата година во мојата кариера!

Роналдо: Ова беше најдобрата година во мојата кариера!

Фудбалерот на Реал Мадрид и португалски репрезентативец Кристиано Роналдо, е прогласен за најдобар во светот во изборот на ФИФА.

Португалецот претходно ја доби и „Златната топка“ на „Франс Фудбал“ со што само ја потврди доминацијата во 2016-та, за која вели дека била најдобра во неговата кариера.

„2016 година беше најдобрата во мојата кариера. Мислам дека и трофејот го покажува тоа. После тоа што се освоив и што направив, немав сомнеж дека можам да дојдам до оваа награда, оваа година беше неверојатна за мене на лично и спортско ниво. Никогаш нема да ја заборавам оваа прекрасна година“, изјави Роналдо на церемонијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…