Home Спорт Гвардиола ја призна вистината и ги налути фановите на Сити

Гвардиола ја призна вистината и ги налути фановите на Сити

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола нема проблем да признае дека градскиот ривал Јунајтед има трофејна историја, со каква можат да се пофалат само неколку европски клубови.

„Ние немаме историја и титули како што имаат Барселона, Реал, Јувентус, Баерн или Манчестер Јунајтед Ние мораме да се обидеме да бидеме секоја година во Европа во наредната деценија. Тоа е најважното за клубот, поважно дури и од освојувањето на титули“, тврди Гвардиола.

Трофејниот тренер вели дека до тоа може да се дојде само доколку во Сити се функционира како што треба.

„Тактиката е важна, бидејќи секој на терен мора да знае што прави. Односите меѓу играчите и надвор од теренот мораат да бидат најдобри. Сето тоа е важно. Начинот на живот, приватниот живот, односот према медиумите. Ние мораме да ги убедиме сите дека ова е фантастичен клуб, Навивачите, клубот, играчите, сите мораме да ги убедиме“, заклучи Пеп.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…