Пркосна на биолошкиот часовник: Џенет Џексон стана мајка на 50 години


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Џенет стана мајка во 50-тата година од животот и роди син на коешто му го даде името Еиса ал Мана.

„Породувањето помина без проблеми и таа во моментот се одмора“, се наведува во соопштението на нејзиниот ПР-тим.

Иако премногу не зборуваше за бременоста ниту пак се појавуваше во јавноста, Џенет неколку пати беше фотографирана со својот сопруг Висам ал Мана, катарски бизнисмен за кого се омажи во 2012 година.

4-1-janet-jackson

Многу извори во текот на нејзината бременост даваа изјави за магазинот People наведувајќи дека Џенет не била задоволна од својот изглед, а една од причините поради која не се појавувала во јавноста била и ризичната бременост поради нејзините години.

Дека многу сакала да се оствари како мајка сведочи и фактот кога изјавила дека во случај да не може по природен пат да добие дете, размислува за посвојување.