Home Спорт Видео: Конте создаде машина, Коста е 11-та победа по ред!

Видео: Конте создаде машина, Коста е 11-та победа по ред!

Фудбалерите на Челзи не запираат со победите и попладнево ја запишаа 11-та победа во низа, откако со минимални 1:0 го совладаа Кристал Палас.

Мечот го реши првиот стрелец во Премиерлигата, Диего Коста, во 43-та минута. Натурализираниот Шпанец одлично реагираше на „долгиот“ центаршут кој го упати Аспиликуета, ја искористи лошата реакција на дефанзивците на Палас и го совлада Хенеси.

Во второто полувреме Хенеси ги одбрани ударите на Канте, Фабрегас и Мосес, а Маркос Алонсо од слободен удар ја погоди гредата.

Челзи ја забележа 11-та победа во низа, трета со резултат 1:0 и го израмни клупскиот рекорд. Во оваа низа, која започна откако менаџерот Конте ја смени формацијата 3-4-3, Челзи има гол разлика 25:2.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…