Венгер ја купува ѕвездата на Монако


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Арсен Венгер е силно заинтересиран за младиот напаѓач на Монако, Килиан Мбапе.

Овој 18-годишен напаѓач со своите партии импресионираше многу европски гигнати, а Венгер е спремен да испрати понуда уште во јануарскиот преоден рок.

На Венгер тешко му падна тоа што Јунајтед му го „украде“ Марсијал кој беше негова голема желба, па не сака истото да се повтори со новата ѕвезда на тимот од кнежевството.

Мбапе ова лето со француската репрезентација до 19 години го освои Европското првенство и беше најдобар стрелец со 5 гола. Оваа сезона запиша 11 настапи во дресот на Монако и постигна 4 гола.