Home Актуелно Во сообраќајка на патот Гевгелија-Миравци загина едно лице

Во сообраќајка на патот Гевгелија-Миравци загина едно лице

Едно лице загинало во сообраќајната несреќа помеѓу два автомобили која се случила вчера околу 15 часот, на регионалниот пат Гевгелија-Миравци, во близина на село Милетково.

М.К.(42) од село Прдејци-Гевгелија, управувајќи со Фиат Темпра со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над истото и удрил во Мерцедесот со полуприколка „Шмитц“ управувано од О.К. (39) од Гевгелија.

Во незгодата М.К. починал на лице место, а смртта ја констатирал лекар.

Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Гевгелија, при што за време на увидот од 15 до 18 часот сообраќајот бил во прекин, а бил пренасочен према магистралниот пат М1 клучка Удово.

По наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…