Играч на ЦСКА доби двегодишна суспензија поради кокаин!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на ЦСКА Москва, Роман Еременко доби жестока казна откако после една допинг контрола беше позитивен на кокаин.

Финскиот репрезентативец доби двегодишна суспензија, официјално потврди денес УЕФА.

„Анализата на А примерокот покажа дека Еременко беше позитивен на кокаин поради што доби двегодишна забрана за играње фудбал“, стои во соопштението.

Потсетуваме, Еременко после натпреварот помеѓу ЦСКА Москва и Баер Леверкузен во септември беше повикан на тестирање и неговиот тест беше позитивен на кокаин.