Home Спорт Венгер понудил 90 милиони за Обамејанг

Венгер понудил 90 милиони за Обамејанг

Арсенал, во летниот преоден рок, очајнички се обидуваше да донесе квалитетен напаѓач, а Арсен Венгер, бил подготвен да го сруши и клупскиот трансфер рекорд, но челниците на Борусија не сакале да преговараат околу трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг.

Оваа информација ја откри италијанскиот менаџер Винченцо Морабито, кој летото, се обидувал да го издејствува трансфертот на Обамејанг во Наполи.

„Го побарав спортскиот директор на Борусија Цорк, сакав да разговараме за Обамејанг, но тој веднаш ми рече „Не“. Занам и дека ова лето Арсенал за него понуди 90 милиони евра, но и Венгер го доби истиот одговор“, откри Морабито.

Инаку, рекорден трансфер на Арсенал е оној од пред три години кога во клубот за сума од 47 милиони евра пристигна Месут Озил.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…