Спорт

Видео: Кари со 13 тројки постави нов рекорд во НБА!

Стеф Кари, според многумина најдобриот шутер за три поени во историјата на НБА лигата, постигна 13 тројки на натпреварот против Њу Орлеанс, што преставува нов рекорд во лигата.

Стеф Кари имаше вистинско шоу, урна голем рекорд постигнувајќи 13 тројки на еден меч, промаши само четири шута од далечина, а натпреварот го заврши со 46 поени.

Голден стејт дојде до сигурен триумф над Њу Орлеанс од 116:106. Покрај 46. поени на Кари, Томпсон уфрли 24, Дурант 22. Кај Њу Орлеанс најефикасен беше Дејвс со 33 поени.

Резултати:
Шарлот – Индијана 122:100
Филаделфија – Јута 84:109
Вашингтон – Хјустон 106:114
Чикаго – Орландо 112:80
Оклахома – Мајами 97:85
Голден стејт – Њу Орлеанс 116:106
ЛА Клиперс – Детроит 114:82

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top