Home Актуелно 93.000 работници во Мерцедес Бенц ќе добијат рекорден бонус од по 7.300 евра

93.000 работници во Мерцедес Бенц ќе добијат рекорден бонус од по 7.300 евра

Работниците на автомобилскиот гигант Мерцедес бенц имаат причина за славење откако германската компанија најави рекорден бонус кој ќе им биде поделен на околу 93.000 работници во Германија.

Менаџментот на Мерцедес се согласил да им исплати на сите заслужни работници сума од по 7.300 евра. Работниците сумата ќе ја добијат со платата за април годинава.

„Заедно постигнавме многу во 2022 година“, изјави членката на одборот на менаџери на Мерцедес бенц АГ Сабине Колајзен. „И покрај предизвиците тимот на Мерцедес бенц направи голем чекор напред кон успешната трансформација на нашата компанија. Како признание за напредокот, се согласивме да исплатиме специјален бонус од 7.300 евра оваа година. Сумата е прилично поголема од претходниот максимален износ. Со овој рекорден бонус во историјата на компанијата, сакаме да ја искажеме благодарноста за исклучителната посветеност и лично заложување на нашите колеги“.

Минатата година работниците на германската компанија доби бонус од 6.000 евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…