9. средба на македонско-бугарската комисија: Среден век, Османлиска империја и Гоце Делчев теми на средбата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Темите за расправа кои ќе ги имаат на дневен ред на деветтата средба македонските и бугарските претставници во Заедничката комисија која ќе се одржи денес и утре во Софија се средниот век, Османлиската империја и Гоце Делчев и неговото евентуално заедничко чествување.

Средбата е продолжение на претходната, која се одржа во Охрид и на која се дискутираше по забелешките за учебниците по историја и усогласување на препораки како да се подобрат истите, како и за евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев.

На првиот работен ден, како што информираа од Комисијата, предвидено е да се продолжи со дискусијата за учебниците по историја за седмо одделение според македонскиот образовен систем и шести клас според бугарскиот образовен систем, односно историјата на средниот век и Османлиската империја.

На вториот ден од средбата предвидено е членовите на комисијата да дискутираат за евентуално заедничко чествување на Гоце Делчев.

Оваа средба е шеста и последна средба за оваа година. До сега, Заедничката комисија има одржано осум средби и препорачано на владите на двете држави заеднички чествувања на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Република Северна Македонија и петти клас во Република Бугарија кои се однесуваат на античкиот период од минатото.

Досега е постигнат мал напредок само во делот на средновековната историја, додека ставовите по однос делото на Гоце Делчев остануваат дијаметрално спротивставени. По изјавите од бугарските политичари со кои се проблематизира македонскиот јазик идентитетот на Гоце Делчев и се упатуваа одредени условувања преку Рамковна позиција на бугарската влада, а потоа и со Декларација на Парламентот, премиерот Заев рече дека во 21 век не се преговара за идентитет и се надева оти сите недоразбирања ќе се решеваат преку дијалог.

Претседавачот на мешовитата македонско бугарска комисија експерти која ги води преговорите околу историските моменти, Драги Ѓорѓиев рече дека преговорите во Комисијата ќе продолжат без разлика на она што се случува во политиката.

-Ние сме академска комисија и нашата работа ќе продолжи беа разлика што се случува во политиката. Ние разговараме на три состаноци, а штом разговараме има простор за наоѓање решение со добра волја од двете страни, вели Ѓорѓиев.