
Повреда, прекумерна физичка активност, вишок килограми, преголем внес на сол и лекови може да предизвикаат оток на нозете
Доаѓаат потопли денови, а болниот оток може дополнително да се влоши. Ви претставуваме девет едноставни и евтини домашни рецепти кои можат да ви помогнат повторно да ја почувствувате леснотијата во нозете.
1. Кујнска сол
Ставете половина шолја кујнска сол во сад со топла вода. Потопете ги нозете во оваа течност и држете ги 10 до 15 минути. Веднаш ќе почувствувате олеснување. Оваа бања можете да ја користите секоја вечер пред спиење.
2. Топло-ладна бања
Наполнете еден сад со топла, а друг со ладна вода. Потопете ги нозете прво во топлата вода и држете ги 10 до 15 минути, потоа префрлете ги во ладната вода на неколку минути. Повторно вратете ги во топлата вода уште околу 5 минути. Оваа бања ќе ја подобри циркулацијата во нозете.
3. Паста со прашок за пециво
Во вода од ориз додадете прашок за пециво. На пример, две лажички прашок и две супени лажици оризова вода. Измешајте и направете паста. Нанесете ја смесата на нозете и зглобовите. Може да ставите поголема количина од пастата во сад со топла вода и да ги потопите нозете. Прашокот за пециво и оризовата вода ќе го апсорбираат вишокот течност од стапалата и зглобовите.
4. Бања со етерични масла
Додадете неколку капки од етерични масла од еукалиптус, нана и лимон во топла бања и држете ги нозете во неа околу 15 минути. Овие миризливи масла ќе го намалат отокот и ќе делуваат смирувачки на целото тело.
5. Јаболков оцет
Истријте ги нозете и зглобовите со јаболков оцет и веднаш ќе почувствувате олеснување. Јаболковиот оцет ќе го апсорбира и отстрани вишокот течност, намалувајќи го отокот, вкочанетоста и болката.
6. Чај од магдонос
Направете чај од суви листови магдонос и пијте по две до три шолји дневно. Магдоносот е природен диуретик и ќе му помогне на телото да се ослободи од вишокот течност.
7. Зелка
Неколку листови свежа зелка избришете ги со влажна крпа и ставете ги врз отечените нозе. За подобри резултати, оставете ги листовите неколку часа во фрижидер пред употреба. Зелката ќе го апсорбира вишокот течност од нозете, за само половина час.
8. Чај од глуварче
Додадете глуварче во зовриена вода и оставете да кисне кратко. Секој ден испијте една до две шолји додека не забележите дека нозете ви се помалку отечени. Глуварчето е исто така богато со антиоксиданси и одлично за целото тело.
9. Свеж краставец
Ставете парчиња свеж краставец на стапалата и покријте ги со проѕирна ткаенина. Краставецот ќе ги смири уморните и болни нозе.