Home Актуелно 87 нови случаи на КОВИД-19 во Македонија во изминатото деноноќие

87 нови случаи на КОВИД-19 во Македонија во изминатото деноноќие

Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 41
– Куманово 12
– Штип 16
– Тетово 10
– Струга 1
– Охрид 2
– Гостивар 1
– Пробиштип 4

На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти.
– Скопје 1
– Прилеп 2
– Тетово 2

Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3239, бројката на оздравени пациенти е 1658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1424.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…