Home Шоубизнис 77-та ја прослави со стил – Пачино во друштво на 39 години помлада жена

77-та ја прослави со стил – Пачино во друштво на 39 години помлада жена

Тешко дека има некој филмски фанатик кој не го сака Ал Пачино. Славниот Мајкл Корлеоне ги има освоено сите филмофилски срца ширум планетава, а да не правиме муабет за оние женските. Доказ за тоа е неговата 39 години помлада девојка, актерката Лусила Сол, со која е во речиси седумгодишна врска.

Лусила и Пачино го прославија неговиот 77-ми роденден во Мексико, а судејќи според фотографиите, очигледно славниот актер ужива во секој момент со својата далеку помлада и поубава половина.

A post shared by A L P A C I N O (@alpacino40) on

Во жежок и провокативен бел костим за капење, шешир и очила за сонце, Лусила уживаше со Ал облечен во црна маица и шорц со кои влегуваше и во вода.

A post shared by Donna Marie (@doodles_ny) on

Годините, како што носи ред, го нагазија и големиот Пачино, во поглед на физичкиот изглед, па тој денес повеќе личи на фраерски дедо, отколку на мачо заводник, но името и манирите сигурно уште го пласираат во врвот на светските заводници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …