Home Спорт Брз нокаут: За 146 секунди Тотенхем го „реши“ Арсенал на „Вајт Харт Лејн“

Брз нокаут: За 146 секунди Тотенхем го „реши“ Арсенал на „Вајт Харт Лејн“

Тотенхем го победи Арсенал 2:0, во дербито на северен Лондон, кое се одигра во рамките на 35.коло во Премиер лигата.

Дербито на северен Лондон, 184-то по ред, му припадна на Тотенхем, кој на „Вајт Харт Лејн“ го совлада најголемиот ривал Арсенал 2:0. Тотенхем ја запиша 60-та победа во дуелите со Арсенал, кој остана на 80 победи.

Тимот на Маурисо Покетино со оваа победа ја продолжи потерата по Челзи во борбата за шампионската титула.

Тотенехем против Арсенал ја забележа деветтата победа во низа, а до неа стигна во вториот дел со головите на Деле Али и Хари Кејн постигнати во 56. и 57.минута.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…