60 отсто од родителите нема да ги пуштат своите деца назад во училиштето „Владислав Рибникар“ додека тоа не биде реновирано


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Речиси 60 проценти од родителите чии деца се ученици во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар во Белград тврдо стојат на заедничкиот став дека нема да ги вратат своите деца во училиште од среда додека не се изврши реконструкција на зградата, а со цел децата повторно да не ја доживеат таа траума.

Ова за српската телевизија Нова го изјави Војин Шаљик, татко на прваче од училиштето по состанокот кој родителите го одржале.

Тој истакна дека ова не е официјален став на Советот на родители во целина, туку, како што рече, ги слуша потребите на децата и родителите за начин како да се реши ситуацијата“.

Шаљик откри и дека аргументот на претставниците на српското Министерство за образование е дека треба да дојдат во среда, дека ќе има психолози да дојдат да разговараат со децата.

– Тие изразија јасен став дека враќањето на училиште е неопходно и единствено можно решение, со што не се согласуваме – повтори Шаљиќ.

Според неговите зборови, постои договор заедницата да се интегрира во целина, да се започне групна работа, да се собере одделението, да се преместат од местото на настанот, додека училиштето се реновира.

Помошник-министерот за образование Милан Пашиќ претходно вечерва изјави дека учениците од тоа училиште од среда на 10 мај ќе се вратат на настава, но не на нормална настава, туку, како што наведе, ќе бидат обезбедени со помош на стручни лица.

Денеска ќе бидат погребани четирите деца, кои ги уби 13-годишниот Коста Кецмановиќ во пукање во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар.

За време на викендот беа погребани 13 жртви од двата масакри што ја завија Србија во црно. Во Белград во саботата беа погребани четворицата ученици од основното училиште „Владислав Рибникар“ и чуварот на тоа училиште Драган Влаховиќ, кој загина од рацете на основец.