Живот

6 совети со кои лесно ќе ги намалите масните наслаги наталожени на нозете

наталожени на нозете

Намалувањето на масните наслаги во кој било дел од телото не може да се постигне за само еден ден. Пред се, бидете стрпливи, и упорни.

Не постои само една вежба која на магичен начин ќе ги намали масните наслаги. Кај многу жени масни наслаги брзо се складираат на нозете во периодот пред влегување во менопауза. Голема улога во овој процес има активноста на хормоните во телото.

Кардио активности

За да ја намалите вкупната телесна тежина потребно е да правите вежби кои го „пумпаат срцето“. Согорувањето на калории е клучно за намалување на масни наслаги. Добар пример за тоа е велосипедизмот, трчањето и скокање на јаже. Како бонус на сето тоа, ќе ги обликувате и зацврстите нозете.

Подигнете го адреналинот

Губењето на калории ќе го постигнете и со забрзување на боројот на отчукувања на срцето. Трчањето по скали и останати нерамни површини се одличен избор за тоа. Тоа ќе ги зајакне и вашите колкови, и цел долен дел од телото.

Внимавајте на исхраната

Ова можеби сте го слушнале премногу пати, но никако не го прескокнувајте доручекот. Тоа е најважниот оброк, тој го забрзува метаболизмот и обезбедува доволно енергија и хранливи материи на организмот за функционирање. Здравиот оброк пол со хранливи материи кои ќе служат на телото како „гориво“, ќе ви овозможи правилно извршување на сите процеси во телото.

Пијте повеќе вода и дадете си време за добар сон

Водата треба да биде вашиот избор секогаш кога сте жедни. Соковите или некои засладени производи не се замена за вода, со тоа правите само штета на организмот. Водата има 0 калории, а потребна е и за правилно хидрирање на организмиот. Одморот ви е потребен затоа што докажано е дека доколку сте одморени губите повеќе масни наслаги.

Вежби за нозе

Покрај трчањето, бициклизмот или пливањето, за нозе може да правите и многу други вежби. Најдобро би било да ги правите секој ден барем по 15 минути. А со тоа ќе направите и навика за вежбање, и телото ќе скадира помалку масни наслаги.

To Top