6 лаги за женското тело во кои не треба да верувате


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Факт е дека предрасудите и митовите за тоа како треба да изгледа женското тело и за што служи истото треба да бидат разбиени. Ви пренесуваме шест работи за истото во кои никако не треба да верувате.

1. Главна работа на женското тело е раѓање деца.

Способноста да раѓа деца ја разликува жената од мажот и ја прави да биде токму тоа – жена. Традиционалните верувања според само кои така го дефинираме женското тело треба да си ги избришеме од глава што поскоро. Сведувањето на женскиот род на матка не е навреда само за жените кои свесно одбиваат да раѓаат деца од некои причини, туку и за оние кои поради разни причини не можат да имаат деца. Главна цел на телото е самото постоење како човечко суштество кое се стреми кон остварување на индивидуалните цели во животот, кои и да се тие.

2. Телото треба да го средуваме до совршенство.

Апсурд. Женските тела не се проекти, а клучот на успехот и среќата не е во усовршување на телото. Телото нема само по себе да биде совршено ако ослабите десет килограми, дефинирате стомачни мускули, со ласер ги отстраните сите траги од брчки и влакна. Она кон кое треба да се стреми секоја жена, исто како и маж, е внатрешното задоволство кое и тоа како влијае на надворешниот изглед.

3. Единствени влакна на женското тело се веѓите, трепките и косата.

Живееме во општество кое ги стигматизира влакната на женското тело (па и на машкото) до таа мера што некаде се популаризира идејата за бричено женско тело. Конечната одлука зависи од самата жена, ако таа сака да ги бричи или трајно депилира влакната – тоа е нејзина работа. А ако сака да одмори од наметнатите ставови дека не е нормално да има влакна на телото и дека тоа не е хигиенски – еднакво е индивидуален избор. Запаметете – влакната на телото растат со причина.

4. Женското тело не е силно и моќно колку машкото.

Апсолутна невистина. Кажете им го тоа на сите спортистки кои соборуваат светски рекорди и со својата сила ги надминуваат поголем дел од мажите кои едноставно не се занимаваат со спорт. Нема нешто што женското тело не може да го направи.

5. Други да носат одлуки за телото на некоја жена.

Патријархалното општество наметнува слика за идеална жена според која секоја жена треба да го „моделира“ своето тело, а политичарите сакаат да одлчуваат дали една жена ќе смее вештачки да се оплодува, а некои се обидуваат да одредат како и под кои услови жената смее да ужива во сексуалното задоволство. Ваквите ставови дефинитивно треба да бидат надмината. Телото од една жена е НЕЈЗИНО тело и таа си носи одлуки за истото. Во најбуквална смисла на зборот.

6. Ракот на дојката е најголемата закана за едно женско тело.

Оваа лоша болест е еден од најголемите женски „непријатели“, но во позадината на свеста не смееме да заборавме на другите здравствени проблеми кои подеднакво претставуваат опасност за женското здравје. Срцевите заболувања се еднакво реална опасност за женското тело колку и за машкото, а до истите доаѓа поради, пример, претерано изложување на сонце или посета на солариум.