55 Палестинци убиени од израелските војници во „крвавиот понеделник“ во Газа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчерашниот ден беше наречен „крвав понеденик“ во Газа поради убиството на 55 Палестинци од страна на израелските воени сили.

Денеска одбележува 70-годишнината од она што Палестинците го нарекуваат Накба, или Катастрофа, во кое илјадници луѓе беа присилени да бегаат во 1948 година, кога се формира израелската држава, пренесува Нова ТВ.

Особено се очекуваа тензиите да бидат големи во Газа, каде што треба да бидат погребани убиените во вчерашните протести.

Вчерашното насилство беше поттикнато од отворањето на, како што се карактеризира, контроверзната американска амбасада во Ерусалим.

Одлуката за преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим ги вознемири Палестинците, кои источен Ерусалим го гледаат како главен град на идната палестинска држава.

Овој американскиот потег тие го сметаат како поддршка на израелската контрола врз целиот град, кој Израел исто така го смета за нејзин главен град.

Крвавиот понеделник

Палестинските официјални претставници изјавија дека во вчерашните настани, загинале 55 лица, а околу 2.700 лица сеа повредени. Ова е накрвавиот ден во Газа од војната во 2014 година.

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху изјави дека израелската војска дејствувала во самоодбрана против исламистите на Хамас кои управуваат со Газа, чија цел, како што рече, е да го уништат Израел.

Палестинските власти го осудија “масакрот”, а ОН предупредија дека ова се работи “за неприфаливо кршење човековите права”.

Палестинците вчера одржаа демонстрации, како и изминатите шест недели досега, во рамките на протестот, организиран од Хамас, наречен “Големиот марш за враќање”.

Протестите се поклопија со годишнината од создавањето на Израел во 1948 година, и егзодусот на кога стотици илјади Палестинци, кои ги напуштија своите домови или беа раселени во војната што следеше.

Но, вчерашните настани исто така се поклопија и со церемонијата на отворање на американската амбасада во Ерусалим, по одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Според израелските власти, во „насилните немири“ учествувале околу 40.000 Палестинци, на 13 локации долж безбедносната ограда во Појасот Газа.

Додека Палестинците фрлале со камења и запалливи течности, израелската војска употребила солзавец и снајпери.

Нетанјаху застана во одбрана на акциите на војската, велејќи дека “секоја земја има обврска да ги брани своите граници“.

-Терористичката организација Хамас ја демонстрира својата намера да го уништи Израел и испраќа илјадници луѓе да ја урнат граничната ограда за да ја постигнат оваа цел. Ќе продолжиме да дејствуваме одлучни да го заштитиме нашиот суверенитет и нашите граѓани”, изјави израелскиот премиер.

Портпаролот на израелските одбранбени сили изјави дека војниците пукале на оние кои биле вклучени во “терористичка активност, а не кон демонстранти, кои биле разбиени со вообичаени средства како солзавец и според правилата”.

Претседателот на палестинската власт Махмуд Абас објави тридневна жалост, истакнувајќи дека „масакрот против палестинскиот народ продолжува”.

Зошто потегот со амбасадата е контроверзен

Статусот на Ерусалим води со суштината на израелско-палестинскиот конфликт.

Израелскиот суверенитет над Ерусалим не е меѓународно признат, и според израелско-палестинскиот мировен договор од 1993 година, конечниот статус на Ерусалим треба да се дискутира во понатамошните фази од мировните преговори.

Израел го окупираше Источен Ерусалим со војната на Блискиот Исток во 1967 година. Тој го анектираше , иако ова не беше признено од ниту една земја, се до изјавата на Трамп во декември лани.

Од 1967 година, Израел изгради десетина населби во овој дел, каде живеат околу 200.000 Евреи. Тие се сметаат за нелегални според меѓународното право, иако Израел го оспорува ова.

Повеќе земји порано имаа амбасади со седиште во Ерусалим, но многумина се преселија откако Израел усвои закон во 1980 година, и формално го прогласи Ерусалим главен град.