Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Министерството за здравство информираше дека во последниве 24 часа се регистрирани 434 нови случаи на КОВИД-19 и тоа 195 во Скопје, 41 во Битола, 26 во Прилеп, 20 во Кавадарци, 17 во Куманово, по 12 во Охрид и Берово, по 11 во Тетово и Велес, а 9 во Штип.
Осум нови случаи се регистрирани во Кочани, а по седум во Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Демир Хисар. Шест новозаразени се регистрирани во Гевгелија, а по пет во Струмица, Ресен и Валандово.
По четири нови случаи се регистрирани во Радовиш и Виница, по три во Кратово и Македонска Каменица, два во Неготино, а по еден нов случај е регистриран во Кичево, Дебар, Пробиштип, Богданци, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија.
Од Министерството соопштуваат дека во последните 24 часа се регистрирани 12 починати лица. Пријавени се четири починати лица од Скопје, (46г,65г, 79г и 79г), две починати лица од Битола, (83г и 84г) , а по едно починато лице е пријавено во Велес (73г), Кавадарци (72г), Кочани (67г), Делчево (70г), Крушево (69г) и Радовиш(76г).
„Од пријавените 10 лица се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 15.10.2021 до 20.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (1), Гостивар (1), Велес (1), Крива Паланка (1) и Делчево (1). Починатите лица се на возраст од 50-88г, 6 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови“, велат од надлежното министерство.
Оттаму дополнуваат дека регистриран е 431 оздравен пациент.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.213, бројот на оздравени пациенти е 198.419, на починати е 7.511, а бројот на активни случаи изнесува 8.283“, велат од МЗ.
Досега во земјата се направени вкупно 1.461.757 тестирања на Ковид-19, а во последното деноноќие направени се 3.026 тестирања.