Home Наука и техонологија 4.000 mAh за 17 минути: Супербрзо полнење на смартфони – нова технологија на Xiaomi

4.000 mAh за 17 минути: Супербрзо полнење на смартфони – нова технологија на Xiaomi

Xiaomi на последната пред-конференција во Пекинг претстави нова технологија за брзо полнење на батериите на смартфоните. Оваа технологија од следната година треба да почне да се вградува во премиум уредите.

Се работи за претходно најавуваната „Super Charge Turbo“ технологија за брзо полнење од дури 100W, која е претставена преко промотивен видео приказ на настанот во Пекинг.

Од Xiaomi тврдат дека со ваквите полначи ќе бидат доволни само 17 минути за целосно да се наполни батерија со капацитет од 4000mAh.

Од кинеската компанија сè уште немаат објавено кај кои паметни телефони можеме да ја очекуваме технологијата за супер брзо полнење, но според гласините тоа би можеле да бидат „Mi Mix 4“ и идните „Redmi K30“ модели.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…