Home Актуелно 25 новозаразени, 2 починати и 17 оздравени од коронавирусот

25 новозаразени, 2 починати и 17 оздравени од коронавирусот

Според најновите статистички податоци, денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти, распоредени по градови вака:

– Скопје 11
– Куманово 4
– Тетово 1
– Велес 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга (58г) и пациент од Скопје (47г) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (41г) хоспитализиран на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 14
– Куманово 2
– Штип 4
– Прилеп 1
– Тетово 2
– Струга 1
– Велес 1

Досега во земјата се направени вкупно 26463 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…