25 години од премиерата: 25 факти за „Pulp Fiction“ – филмот кој засекогаш го промени филмскиот свет


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Pulp Fiction“ во кино салите својата премиера ја имаше на 14 октомври, 1994 година и засекогаш ги смени не само режисерската кариера на Квентин Тарантино, туку и филмскиот свет и индустрија.

Ако сакате да одберете еден филм кој дефинитивно ги одбележа ’90-те години од минатиот век, тешко дека ќе најдете подобар кандидат од „Pulp Fiction“.

Иако во реализацијата на својата филмска идеја за „Pulp Fiction“ Тарантино многу нешта позајми од филмаџиите кои ги обожавал, факт е дека никогаш претходно и после тоа не е направено ништо слично во филмската индустрија. Сите кои имаа прилика да го гледаат во таа премиерна 1994 година, знаеја дека гледаат нешто навистина посебно и дека филмот е нешто сосема ново.

Можеби тоа беше резултат и на медиумската помпа (за филмот тогаш се пишуваше неверојатно многу и на сите страни), но независно дали го сакате и почитувате неговиот стил или го сметате за најобичен компилатор, Тарантино направи нешто кое значајно ја обележа и промени американската, но и светската кинематографија.

Од незаборавниот „саундтрак“, преку одличната актерска постава, па сè до криминалците кои разговараат за метричкиот систем и масажа на стапала, вториот режисерски потфат на Квентин испадна „cool“ на секој чекор, а неговото влијание е видливо и денес, во време кога сите го перцепираат истовремено и како филм и како поим.

Меѓутоа, еден од најпосебните детали беше жанрот кој е тешко да се дефинира. Вистина, во таа фаза веќе имавме прилика да ги видиме „Reservoir Dogs“ и „True Romance“, но „Pulp Fiction“ таа жанровска неодреденост ја подигна на повисоко ниво. Не беше ни акција, ни крими филм, иако има елементи од двата жанра. Не беше ни драма, иако сè се врти околу меѓучовечките односи, но ни комедија, иако многу дијалози беа исклучително комични.

Без многу мудрување околу овие финеси, тоа беше првиот „полнокрвен“ филм на Квентин Тарантино, а да се има сопствен жанр е нешто кое го можат само најголемите.

1. Винсент Вега и одењето во WC

Одењето во WC на ликот Винсент Вега во овој филм не е добар знак. Секогаш кога ликот кој го глуми Џон Траволта ќе отиде во WC, се случува нешто трагично. Во текот на филмот Винсент три пати оди во WC. Првиот пат Миа Волас се предозира, вториот пат е во ресторанот за време на грабежот, а третиот пат го застрелува Буч Кулиџ.

2. Простачење

Зборот „fuck“ во филмот е употребен дури 265 пати. Ако имате вишок време, пребројте ги сами.

3. Бележници

Со парите кои ги заработи од „Reservoir Dogs“, Тарантино отпатува за Амстердам со намера таму да го пишува „Pulp Fiction“, за кој штотуку доби зелено светло. Купи неколку бележници, зеден еден од нив и славенички заклучи дека токму тој е оној во кој ќе го напише својот нов филм. Му беа потребни неколку бележници.

4. Хонда

Се сеќавате ли на автомобилот Хонда Сивик кој ликот на Брус Вилис го вози во филмот? Е токму тој автомобил Тарантино го користи уште два пати. Истото количе го вози Пам Гриер во „Jackie Brown“, а можете да го видите и на паркингот во второто продолжение на „Kill Bill“.

5. Chevelle Malibu 1964

Chevelle Malibu од 1964 кој го вози Винсент Вега во филмот во реалноста беше сопственост на самиот Квентин Тарантино, но му беше украден набрзо после завршувањето на снимањето на филмот.

Многу години подоцна, Бил Хернандез од Сан Леандер, Калифорнија, потроши повеќе од 40.000 долари за да го поправи тој модел на автомобил кој во негова сопственост бил повеќе од 12 години. За жал, полицијата еден ден го извести дека станува збор за украден автомобил.

Инаку, за да биде иронијата поголема, Хернандез не само што никогаш не го изгледал „Pulp Fiction“, туку не ни знаел воопшто кој е тој Квентин Тарантино.

6. Магично палто

Иако многу внимава на детали, на Тарантино му се има провлечено една грешка. Во сцената со предозирањето на Миа, таа го носи палтото од Винсент. Неколку минути подоцна пали цигара и веќе не го носи, но што цигарата е веќе запалена, палтото повторно „магично“ се појавува на неа.

7. Роберт Редфорд

Имајќи во предвид дека „Reservoir Dogs“ беше успешен, актерската постава за „Pulp Fiction“ беше далеку поисполнета со славни актерски имиња и големи ѕвезди. Меѓу потенцијалните актери се најдоа и Дастин Хофман и Роберт Редфорд. Улогата на Буч на крајот му припадна на Брус Вилис.

8. Џулија Луис-Драјфус

Улогата на Миа Волас била доста барана, а меѓу актерките кои биле земени во предвид за оваа улога биле Мег Рајан, Мишел Фајфер, Џулија Луис-Драјфус и Џоан Кјузак.

9. Елен

Денес познатата Елен Деџенерис била една од кандидатките за улогата на Џоди, испирсаната сопруга на дилерот од Винсент, а улогата на крајот ја доби Росана Аркет.

10. Кети Грифин

Ако не сте биле внимателни, можеби ви се провлекла кратката улога на комичарката Кети Грифин, која се појавува во моментот на средбата меѓу Марселус Волас и Буч. Инаку, постои причина за тоа. Кети во тоа време беше во врска со Тарантино. Во филмот се појавува и ѕвездата од „Reservoir Dogs“, Стив Бушеми, и тоа во улогата на Бади Холи, поточно келнерот облечен како Холи во расторанот Jack Rabbit Slim’s.

11. Трикови

Сцената во која Траволта забива шприц со игла во градите ан Ума Турман со цел да ја врати во живот откако се предозираше е снимена така што Траволта ја извлекува иглата, а сцената потоа е пуштена наназад во самиот филм.

12. Џексон беше убедлив

Продуцентот Ричард Гледштајн за Vanity Fair изјави дека за ангажманот на Семјуел Л. Џексон било пресудно тоа што на аудицијата се појавил со бургер и помфрит (кои се клучни во една сцена).

Џексон толку заканувачки уживал во храната што Гледштајн изјавил: „Ми се чинеше дека ликот ќе извади пиштол и ќе не испоубие сите“. Семјуел Џексон подоцна се појави во речиси сите филмови од Тарантино.

13. Дрога

Еден од пријателите на Тарантино, инаку поранешен наркоман, го советувал Траволта како најдобро да одглуми издрогираност од хероин. Му кажал да се опие со текила и да се опушти во када полна со жешка вода и дека сето тоа ќе биде најблиску до чувството кое го предизвикува хероинот.

14. Паричник

Незаборавниот паричник на кој пишува „Bad Mother Fucker“ не е направен за потребите на филмот, туку му припаѓал на Тарантино.

15. Часовник

Кога капетанот Кунс (Кристофер Вокен) му ја раскажува приказната за златниот часовник кој му припаѓал на неговиот татко, се споменува војникот по име Виноки. Џо Виноки е името на лик од филмот „Air Force“ (1943) кој го режирал Хауард Хокс, еден од големите идоли на Тарантино.

16. Волк

Улогата на Винстон „Волк“ Волф не е можела да му припадне на никој друг освен на самиот Харви Кејтел, бидејќи Тарантино ја напишал специјално за него.

17. Харви Кејтел

Кејтел едноставно морал да се појави во филмот, бидејќи не само што помогнал да се обезбедат пари за снимање на филмот, туку се погрижил и за тоа Тарантино да ја добие режисерската улога. Имено, Тарантино во тоа време уште не бил проверено име во Холивуд и пред тоа веќе две негови сценарија ги режирале други режисери („True Romance“ и „Natural Born Killers“).

18. Истата пита

Ако реченицата „секое време од денот е добро време за пита“ која ја изговара Фабиен ви се чини позната, не сте во заблуда. Истата реченица ја изговара и Алабама во филмот „True Romance“.

19. Што има во актовката?

Постојат многу теории за тоа што се наоѓа во актовката по која одат да ја земат Џулс и Винсент. Некои тврдат дека станува збор за злато, а други одат толку далеку тврдејќи дека во неа е душата на Марселус Волас Факт е дека во неа се наоѓа – светло. На кратко, Тарантино изјави дека во актовката се наоѓа што и да посакаат да има самите гледачи, но во исто време, вети дека еден ден ќе ја открие тајната.

20. Семејни врски

Ликот на Винсент Вега кој го глуми Траволта е брат на Вик Вега или познат како Mr. Blonde од филмот „Reservoir Dogs“, кој го глуми Мајкл Медсен.

21. Фластер

Ако сте се прашувале зошто Марселус има фластер на вратот, одговорот е едноставен. Актерот Винг Рејмс имал лузна на вратот и одлучиле да ја прикријат со фластер.

22. Награда за танц

Гледачите се убедени дека Винсент и Миа освоиле пехар на танцувачки натпревар во ресторанот Jack Rabbit Slim’s, но подоцна во филмот (кога Буч се враќа по часовникот), благодарение на радиопреносот, дознаваме дека пехарот е украден.

23. Гимп има сопруга

Комичарката Џулија Свини од Saturday Night Live има улова на девојката на Волф, Ракел. Во реалниот живот била во брак со Стивен Хиберт, актерот кој го играше Гимп.

24. Овесни снегулки

Тарантино го обожава брендот овесни снегулки кои веќе не се произведуваат. Ленс (Ерик Столц) јаде Fruit Brute, а истиот бренд можете да го видите и во станот на Mr. Orange (Тим Рот) во филмот „Reservoir Dogs“.

25. Алексис Аркет

Актерот кој излетува од тоалетот и почнува да пука на Џулс и Винсент е Алексис Аркет, кој е во роднинска врска со Росана Аркет, која ја глуми Џоди. Инаку, Алексис беше активистка за правата на трансродовите лица ипочина во 2016 година.