24 милиони евра повеќе од најавеното: Ново задолжување на Владата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Министерството за финансии денеска се задолжи за 40 милиони евра, наместо, како што беше планирано за 16 милиони евра, колку што утре доспеваат за враќање.

СДСМ реагира дека е недозволиво министерот во заминување да ги задолжи граѓаните со нови 24 милиони евра, без да објасни за што ќе се трошат тие пари.

Министерството, пак, соопшти дека со задолжувањето ќе се финансира буџетскиот дефицит предвиден со буџетот за 2017 година.