Home Актуелно 23 нови случаи на коронавирус во последното деноноќие

23 нови случаи на коронавирус во последното деноноќие

Нови 23 граѓани се заразени од корона вирусот во последните 24 часа. Резултатот е добиен по изработени 702 тестови, информираат од Министерството за здравство.

По градови новите случаи се распределени:

Скопје – 12
Куманово – 4
Тетово – 4
Прилеп – 2
Неготино – 1

Со ова бкупниот број позитивни тестови во земјава достигна 1.921.

Од Министерството за здравство информираат дека 9 пациенти се излекувани, а регистриран e еден смртен случај на пациент од Тетово.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…