Home Актуелно 22-годишен прилепчанец со дијагностициран дијабет починал како последица од Ковид-19

22-годишен прилепчанец со дијагностициран дијабет починал како последица од Ковид-19

22-годишниот прилепчанец кој денеска почина од ковид-19, имал дијабетес, примал инсулин и не бил вакциниран, соопшти Министерството за здравство.

„Според информациите од установите каде е третиран, 22-годишниот пациент бил пренесен во Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’ од Прилепската болница со тешка кетоацитоза, pH вредност 6.8, со многу висока гликемија и висока температура од 39 степени. Пациентот боледувал од дијабет тип два и бил на терапија со инсулин. Од прегледот на историјата на пациентот и контактот со лекарите кои го следеле, има податок дека нередовно употребувал инсулин и не одел на контролни прегледи. На рентген при прием му била утврдена билатерана бронхопневмонија, а за време на болничниот престој има тахикардија“, вели Министерството за здравство.

И покрај сите напори на медицинскиот персонал, за жал, пациентот починал. Тој е меѓу вкупно 27-те починати за 24 часа, од кои кај 24 се регистрирани коморбидитети, а шест се целосно вакцинирани. Регистрирани се и уште 1.861 новозаразени од 5.446 тестови, од кои 242 се реинфекции, од кои една е втора реинфекција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…