Тинејџер постојано го следи приватниот авион од Илон Маск и објавува каде лета – Маск му понудил 5.000 долари да не го прави тоа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Elon Musk’s Jet е Твитер страница која ја води 19-годишниот Џек Свини. На истата може да се следи движењето на приватниот авион на Маск. Тоа го прави користејќи ботови, преку кои ги следи јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај.

Свини на својот профил објавил преписка од разговорот со Маск, кој го контактирал минатата есен, барајќи од него да го затвори профилот.

„Можете ли да го деактивирате ова? Тоа е безбедносен ризик“, напишал Маск.

„Да, можам, но тоа ќе ве чини колку моделот 3“, одговорил 19-годишниот тинејџер.

Маск му рекол дека не сака да се занимава со „лудаци“, но на крајот му понудил сума од 5.000 долари.

„Дали има шанси да се зголеми на 50.000 долари? Тоа би ми помогнало со факултетот и можеби би ми овозможило да купам автомобил, можеби дури и модел 3“, прашал Свини.

Маск му рекол дека ќе размисли повторно, но оттогаш не одговорил.