Виц: Простување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Колку од вас, браќа и сестри, им простивте на непријателите?“, ги прашува свештеникот верниците.

Сите креваат раце, освен една стара жена.

Свештеникот: „Вие бабо зошто не кревате рака, христијански е да им простуваме на непријателите“.

Бабата: „Јас немам непријатели…“

„Ова е доста необично. А колку години имате?“, прашува свештеникот.

„98“.

„На 98?! И немате ниту еден непријател?! Ве молам, излезете, сите да ве видат. И објаснете им на сите, како човек може да живее толку долго без непријатели“.

Старицата излегува пред луѓето и вели: „Ги надживеав кучките!“