Home Актуелно 195 милиони лица ќе останат без работа поради економската криза од епидемијата на коронавирусот

195 милиони лица ќе останат без работа поради економската криза од епидемијата на коронавирусот

Општиот колективен прекин со работење на голем број светски компании, во комбинација со серијата превентивни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, ќе има влијание врз над 2,7 милијарди работници ширум цел свет.

Во второто тримесечје од 2020 година, поради различните ограничувања, ќе бидат изгубени вкупно 6,7 отсто од работното време, што е еднакво на останување без работа на 195 милиони луѓе, се наведува во извештајот на Меѓународната организација на трудот, МОТ, пренесува Мета.

„Мерките за целосно или делумно стопирање на бизнисот засегнаа 2,7 милијарди работници, што претставува околу 81 отсто од глобалната работна сила“, велат експерти. Според нив : „во вториот квартал од 2020 година работното време ќе се намали за приближно 6,7проценти, што значи отсуство од работа на 195 милиони луѓе со полно работно време“.

Во исто време, авторите на Извештајот на МОТ се уште немаат предвидувања за растот на невработеноста во цела 2020 година, нагласувајќи дека „загубите ќе зависат многу од развојот на пандемијата и од мерките за спротиставување на нејзиното влијание“.

Според претходни предвидувања на МОТ, дека бројот на невработени ќе се зголеми за 25 милиони до крајот на оваа година, се неизвесни. МОТ очекува дека ризикот за раст на невработеноста, како резултат на пандемијата, значително ќе се зголеми, а со тоа и бројките ќе растат.

Гај Рајдер, генералниот директор на МОТ, изјави дека : „Работниците и деловните субјекти се соочуваат со катастрофа, и во развиените и во развојните економии. Мораме да се движиме брзо, одлучно и заедно. Правилните, итни мерки, треба да направат разлика меѓу опстанокот и колапсот. Ова е најголем тест за меѓународната соработка во последните 75 години и повеќе. Ако една земја успее, тогаш сите ќе успееме. Мора да најдеме решенија кои помогнат во сите сегменти на нашето глобално општество, особено на оние кои се најранливи или најмалку способни да си помогнат самите себеси“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Ичиго Ичиe – јапонска филозофија што нè учи како да ја пронајдеме среќата во секој момент од животот

ИЧИГО ИЧИЕ – ЈАПОНСКА ФИЛОЗОФИЈА КОЈА НÈ УЧИ КАКО ДА ЈА ПРОНАЈДЕМЕ СРЕЌАТА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ…