Почина 27-годишната родилка од Куманово која имаше коронавирус


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од Министерството за здравство со големо жалење за јавноста ја соопштија трагичната вест дека предмалку (денес, 8 април_ почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години, пренесува Фокус.

Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот.

Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален.