„Еј, животе“ – нова песна на Дарио


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Музика и текст потпишани од познатиот Дарио Панковски, а аранжманот е на Кристијан Габроски.

Од црн плиш тешка завеса секое утро се подига пред нас.
Друг ден, друга улога, публика нова,
а истата е таа стара претстава.
Победа денес, слава, ловори, а утре тага од горки порази,
ги играме тие неколку чина година по година.

А како одат години, се’ некако се пократки.

Еееј животе, колку бол ни нанесе,
зарем мора вака тешко да е,
еееј животе, а колку радост донесе,
ма прекрасен си покрај се’.
Еееј животе, до кога никој не знае,
затоа ноќва другари стари,
со полни чаши за нас да наздравиме!

Не научи дека треба да се љубиме,
и да сме силни кога некој губиме,
на секој нов ден, на секој миг да му се радуваме.

А како одат години, чашите ни се попразни.

Еееј животе, колку бол ни нанесе…