Home Актуелно 175 новозаразени од коронавирус во последните 24 часа – 131 од нив во Скопје

175 новозаразени од коронавирус во последните 24 часа – 131 од нив во Скопје

Во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 131
– Куманово 24
– Штип 2
– Прилеп 2
– Тетово 5
– Струга 2
– Велес 4
– Охрид 1
– Гостивар 2
– Свети Николе 2

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72г). Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје- пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) примен на 8 јуни и пациент (59г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г) примен на 30 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти.

– Скопје 12
– Штип 1
– Тетово 3
– Велес 2

Досега во земјата се направени вкупно 40004 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…