Home Спорт 16-годишниот Чурлинов доби повик во сениорската репрезентација

16-годишниот Чурлинов доби повик во сениорската репрезентација

По триумфот во Вадуз против Лихтенштајн од 3:0 во натпревар од 5-то коло од квалификациите за СП 2018 во Русија, сениорскара репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за контролниот натпревар против Белорусија на 28-ми март во Скопје.

Селекторот на нашата најдобра репрезентација Игор Ангеловски за пресметката против Белорусија во составот на Македонија го повика Дарко Чурлинов. Доколку добие шанса за настап против Белорусија фудбалерот на германски Келн ќе стане најмладиот репрезентативец со 16 години и осум месеци.

Против Белорусија во комбинација за настап ќе биде и Езџан Алиоски кој поради жолти картони немаше право на настап на натпреварот против Лихтенштајн.

По настапот за сениорската репрезентација во Вадуз, на репрезентативниот тим до 21 година се приклучуваат и шестте фудбалери кои беа на располагање на Игор Ангеловски, голманот Игор Алексовски, Дарко Велковски, Бобан Николов, Давид Бабунски, Никола Ѓорѓев и Марјан Радески

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…