Home Спорт 16 годишната Рејчел Стојанов со одличен резултат на нејзиниот прв сениорска настап

16 годишната Рејчел Стојанов со одличен резултат на нејзиниот прв сениорска настап

Најдобрата македонска гимнастичарка Рејчел Стојанов забележа одлично остварување на првиот митинг на Светскиот Куп во ритмичка гимнастика кој се одржува во Италија, во градот Пезаро.

Рејчел од 72 учеснички од целиот свет заврши на 52-то место. И ако ова не ви изгледа како нешто големо тоа ќе се смени кога ќе ви кажаме дека ова беше нејзин прв настап во најсилната конкуренција.

Во викендот кој следи Рејчел која има само 16 години ќе учествува на вториот турнир во Бугарија, Софија. Резултатите на Рејчел не се случајност затоа што својот талент таа го надградува со работата со најтрофејниот тренер во историјата на ритмичката гимнастика, Нешка Робева. Робева во својата кариера може да се пофали со освоени повеќе од 250 медали на разни турнири.

Првите места на турнирот во Пезаро ги освоија гимнастичарки од Русија, Украина и Бугарија.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…