12 и пол години затвор за педофилот обвинет за полов напад на ќерката од Весна Петрушевска


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


12 години и шест месеци затвор доби човекот, кој пред речиси една година, изврши полов напад врз ќерката на актерката, Весна Петрушевска Бејби. Тоа го обелодени и самата Весна на својот „Фејсбук“ профил, и како што истакна, таа и нејзината ќерка извојувале голема победа.

„После точно една година борба, емотивни страдања, правен процес, денес имам јас и Мина голема победа! 12 години и 6 месеци казна! Ова е приказна која охрабрува и дека не треба да се кријат работите. Прво и прво и единствено е правото на детето!#стоппедофилија! Мина те сакам ти си мојот херој, лавице моја !Благодарам на поддршката“, напиша Весна Петрушевска на својот профил.