Home Актуелно 12 лица уапсени за вмешаност во трговија со дрога и оружје во голема полициска акција во Скопје

12 лица уапсени за вмешаност во трговија со дрога и оружје во голема полициска акција во Скопје

Во скопската населба Ченто и на неколку други локации во тек е голема полициска акција за апсење на лица вмешани во трговија со дрога и оружје, потврдиле за МИА извори блиски до истрагата.

Полициски екипи од изутрина се присутни во Ченто, а според изворите на МИА, до сега се приведени 12 лица, а меѓу нив и еден полицаец.

Од МВР потврдуваат дека акцијата е во тек, а подетални информации ќе има откако ќе заврши акцијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…