Home Актуелно 12 лица ја напуштиле Македонија иако имале решенија за изолација заради Ковид-19

12 лица ја напуштиле Македонија иако имале решенија за изолација заради Ковид-19

По извршените редовни контроли на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат на 19.08.2021, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар утврдиле дека вкупно осум лица од Гостивар и гостиварските села Чегране, Чајле, Мало Турчане и Велебрдо, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата.

На 18/19.08.2021 од полициски службеници на СВР Тетово по извршена проверка било констатирано дека четири лица од Тетово кои имале решенија за изолација ја напуштиле земјата.

Против лицата ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ казниво по член 206 од Кривичниот законик.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…