11 сообраќајки за 24 часа во Скопје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вкупно 11 сообраќајни незгоди се случиле изминатите 24 часа во Скопје. Од нив четири со последица материјална штета, а седум со телесни повреди во кои 10 лица се полесно повредени, соопшти СВР.

Полицијата евидентирала и поголем број прекршоци: 11 возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината, 12 возеле без дозвола, додека 40 биле непрописно паркирани.

Санкционирани се и девет пешаци, како и 11 возачи на мотор, мопеди и мотоцикли кои сториле прекршоци по разни основи.

Со „пајак“ се отстранети 48 возилa.