101 новозаразен пациент со Ковид-19 и 13 починати лица како последица од коронавирусот во последните 24 часа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тринаесет починати лица и 101 новозаболен се регистрирани во псоледните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 1.299 тестирања, а регистрираните нови случаи на ковид-19 се во: Скопје – 59, Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово, Гостивар, Велес, Кочани и Неготино по 2, Кичево, Ресен, Валандово и Македонски Брод по 1.

Регистрирани сe 393 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 6 починати лица од Скопје (39, 71, 74, 77, 80 и 81), 2 починати лица од Куманово (75 и 80), и по едно починато лице од Берово (77), Битола (69), Велес (71), Македонска Каменица (35) и Ресен (76). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 4 починати лица со датум на смрт од 29.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Струмица (1), Битола (1). Починатите лица се на возраст од 58 до 78 години. Три лица се починати во домашни услови и едно во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.485.944 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, бројот на оздравени пациенти е 203.967, на починати е 7.658, а бројот на активни случаи изнесува 5.775.