Ѕвездата на Реал Мадрид ја менува репрезентацијата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид Тео Хернандез, кој ова лето пристигна на „Сантиаго Бернабеу“, изјави дека постои можност да настапува за репрезентацијата на Шпанија.

20-годишниот Хернандез ова лето го привлече вниманието на шпанската и светската јавност откако направи трансфер во Реал Мадрид од градскиот ривал Атлетико.

Неговиот брат Лукас Хернандез и понараму игра за Атлетико, како и за младата француска репрезентација, но Тео открива дека можно е да заигра за „црвената фурија“.

„Доколку никој од Франција не ме повика, ќе размислам за тоа да почнам да играм за Шпанија. Јас сум Французин, но целата оваа ситуација почна да ме нервира“, изјави Хернандез.