Home Живот и здравје Зошто жените чувствуваат болка во градите за време на менструација

Зошто жените чувствуваат болка во градите за време на менструација

Зошто жените чувствуваат болка во градите за време на менструација

Болка во градите е симптом со кој се соочуваат многу девојки и жени.

Кој е причината за појавата на непријатност за време на циклусот и кога треба да почнеме да се грижиме?

Голем број девојки и жени чувствуваат болка во градите во текот на менструалниот циклус. Најчесто, ова се случува во периодот на овулација или неколку дена пред да почне менструацијата. Сепак, има случаи кога болката и чувствителноста во градите се присутни и за време на самата менструација. Дали ова е нормално?

За да одговориме на тоа прашање, потребно е да го разбереме потеклото на болката во градите. Познато ни е дека телото на жената низ менструалниот циклус се подготвува за потенцијална бременост. Градите претрпуваат промени, се подготвуваат за доење, и се зголемува протокот на крв во тие области. Поради тоа, жените ги чувствуваат градите како отечени и чувствителни. Може да се забележи и мало зголемување на нивната големина. Доколку не дојде до бременост, непријатноста со тек на време стивнува, започнува менструација и градите се враќаат на својата вообичаена состојба.

Честата болка во градите лекарите ја нарекуваат масталгија. Тоа не претставува болест, и според статистички податоци, секоја петта жена во репродуктивен период се соочува со масталгија. Причината за болката е компресија на нервните завршетоци поради отеченото ткиво.

Ако почувствувате силна болка во градите и за време на менструацијата, тоа може да биде знак за здравствени проблеми. Непријатноста може да е предизвикана од:

хормонален дисбаланс или нарушување на рамнотежата меѓу естрогенот и прогестеронот

различни гинеколошки состојби (некои се резултат токму на хормонални нарушувања)

повреда на градите

интеркостална невралгија (воспаление или раздразнување на нерви меѓу ребрата)

Во секој случај, за прецизно утврдување на причината на болката во градите, неопходна е консултација со лекар.

Хормоналниот дисбаланс често настанува како последица од внесување хормонска терапија, итна контрацепција, или проблеми со ендокриниот систем. Болката во градите може да биде само еден од симптомите и првата најава за потенцијално посериозни здравствени предизвици.

На пример, масталгијата често произлегува од недостаток на прогестерон, а доколку навреме не се побара лекарска помош, може да доведе до други сериозни пореметувања во телото.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

8 намирници што смее да ги јаде и вашата мачка

Ако имате мачка, сигурно знаете колку е тешко да ѝ одолеете кога гледа во вас додека јадет…