ЗНМ со барање за кривичен прогон на Тони Михајловски поради закана со смрт кон Тричковски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Здружението на новинари на Македонија денеска поднесе барање за кривично гонење до Основното јавно обвинителство против актерот и уметнички директор на Македонскиот народен театарот, Тони Михајловски, поради заканите изречени кон познатиот новинар и колумнист Бранко Тричковски. Михајловски неодамна на својот Фејсбук профил напиша: Би можел да го убијам Бранко Тричковски и око нема да ми трепне.

Од ЗНМ сметаат дека Михајловски со тоа ги повредил членовите 144 и 394 од Кривичниот законик (загрозување на сигурноста со помош на информатички системи и насилство преку малтретирање, грубо навредување…) за што се предвидени казни од една до пет години, односно од три месци до три години.

Воедно, од ЗНМ ќе побараат од министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, и дисциплински да го казни Михајловски поради неговите контроверзни ставови бидејќи како човек од културата што го следат голем број приврзаници на социјалните мрежи создава лош имиџ за оваа област.

ЗНМ неодамна остро го осуди однесувањето на Михајловски и реагираше со соопштение во кое напиша дека говорот на омраза и повикувањето на насилство против новинари е апсолутно неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на говорот.

Од ЗНМ потенцираа дека смртните закани имаат за цел да ги вознемират новинарите и да се замолчи критиката во медиумите.Македонското здружение на новинари оцени и дека новата влада има законска и морална одговорност јавно да ги осуди ваквите закани и да воспостави ефикасен систем за казнување на насилството против новинарите.