Знаците за подобра побарувачка ги зголемија ценита на нафтата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Знаците за подобра побраувачка и малите резерви во САД ги зголемија светските цени на нафтата. Но, трговците со нафтените деривати внимателно ја следат пандемијата на коронавирус.

На лондонскиот пазар цената на барел вчера се зголеми за 86 центи на 35,51 американски долари. Во Њујорк, барел се тргуваше за 76 центи повеќе од цената од 32,71 американски долари.

Трговците беа охрабрени од податоците на Американскиот институт за нафта (АПИ) за намалување на резервите на сурова нафта минатата недела за 4,8 милиони барели.

Преработката во рафинериите порасна за 229.000 барели на ден, што покажува дека рафинериите се обидуваат да произведат повеќе гориво, со оглед на олеснување на мерките за заштита на коронавирус во САД.

Мерките за ублажување ширум светот ја зголемуваат побарувачката за горива, а првичните податоци за испораките паралелно покажуваат дека водечките производители досега во голема мерка го почитувале договорот за намалување на производството договорено од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците.